Властите во САД ќе предложат зголемување на даноците за граѓаните со приходи поголеми од 400.000 долари годишно од 3,8% на 5%, според информации од агенцијата АП.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира да го намали буџетскиот дефицит за 159 милијарди долари со ограничување на трошоците на федералната програма за здравствено осигурување “Медикер” за лекови кои се препишуваат на пациентите.
Целта на мерките е финансиско стабилизирање на државната програма за здравствено осигурување, ако се прифатат, овие предлози би можеле да овозможат стабилност на фондот што што го финансира „Медикер“ во следните 25 години или подолго, по 2050-та година.