91
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска во Виетнам изјави дека Вашингтон и Ханој имаат шанса да одредат каков ќе биде регионот на Индо-пацификот во следните децении.
Според Бајден, односите меѓу Виетнам и САД еволуирале по Виетнамската војна, која заврши пред околу половина век.
Виетнам ги дефинираше своите односи со САД како сеопфатно стратешко партнерство, што во дипломатската класификација на Ханој е највисоко ниво на односи со странска земја. Бајден го поздрави потегот на Ханој и изрази надеж дека за време на посетата ќе биде постигнат напредок за климатските и економските прашања.