Почетна МакедонијаИндиец се повредил додека растоварал песок на автопатот Кичево-Охрид

Индиец се повредил додека растоварал песок на автопатот Кичево-Охрид

од nenad
0 минути читај за




Во полициската канцеларија во кичевското село Извор, вчера околу 12:40 часот е пријавено дека повредено е едно лице.

   

-При изведување градежни работи-растовар на песок од товарно возило, на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на селото Лавчни, со повреди се здобил Ш.Л.(48) од Индија – вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Тој е пренесен во  Медицинскиот центар во Кичево.