Бака Прасе заврши во болница поради стресот кој го доживува со недели.
Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, објави фотографија од болница на која прима инфузија. Јутјуберот објасни дека му се слошило поради стресот што го доживувал поради исклучувањето на сите негови канали на YouTube и забраната за неговото појавување на страницата.
Добив стрес поради каналот…“, напиша на Инстаграм.
Поврзани објави
Да потсетиме, тој неодамна изјави дека се што снимал со години е избришано и дека сега кога е на дното сите сакале да го прегазат.
Веќе не ми е дозволено да се појавувам на YouTube, да снимам, да се појавувам на туѓи снимки. Размислувам што да правам со мојот живот, избришаа се што сум снимал со години. Не мора да снимам, почнав со други работи, но не сакам да зборувам за тоа сега. Сега ме обвинуваат за затајување данок“, меѓу другото вели тој во видеото кое веќе има илјадници прегледи.
Фото: printskrin Youtube/ Fantazija