Омилената џебна Венера ужива во животот – особено сега кога наполни 50 години!
Актерката Ева Лонгорија неодамна го прослави својот 50-ти роденден и се чини дека од тој момент секој нејзин ден е исполнет со убави моменти, радости на животот и добро расположение.
На социјалните мрежи редовно објавува интересни фотографии од деловниот и приватниот живот, а сега ја искористи можноста да му покаже на светот како „педесеттите години изгледаат во младешки бикини“.
Како што можете да видите, Ева позира во минијатурни бикини со животински принт, а во преден план се нејзиното вито тело и исончаниот тен.
Поврзани објави
Судејќи по фотографиите, но и по коментарите на корисниците на мрежата, педесеттите никогаш не изгледале поубаво и подобро.
Фото: Инстаграм