Почетна Балкан Ајде добри луѓе, да и помогнеме на Симона

Ајде добри луѓе, да и помогнеме на Симона

од nenad
2 минути читај за
t

Драги браќа и сестри,

Со срце исполнето со надеж и верба во вашата хуманост, се обраќаме до вас во миг кога на нашата сестра, Симона Дамјановска и’ е неопходна нашата помош. Оваа млада 34-годишна жена од Тетово, од најмала возраст се бори со сериозни проблеми со видот. За жал, операцијата што ја имаше во Бугарија заврши неуспешно и дополнително ‘и ја влоши состојбата. Во моментов таа има 98% оштетување на видот и неопходно е пресадување на рожница. На 30ти октомври, Симона има закажана операција во Русија, во Фјодорова клиника, за која се потребни 5000 евра. Сумата која е потребна за Симона повторно да може да гледа и да има нормален живот, за неа е недостижна бидејќи е невработена и не може сама да ги покрие овие трошоци. Вашата поддршка и помош сега се најпотребни. Хуманитарната организација “Свети Спас” го повикува секој од вас, кој колку што може и сака-да донира и да помогне во собирањето на финансиските средства кои за оваа млада жена ќе значат можност за светла иднина.

Однапред Ви благодариме од срце за поддршката и хуманоста. Нека Бог биде со вас и нека ве благослови и награди за вашето човекољубие со здравје, радост и среќа!!!

Трансакциска сметка за донирање:
290500021537906
ТТК БАНКА
Симона Дамјаноска
Девизата сметка ја имате во сликите.
Донациите може да се направат и со повик на телефонскиот број (100 денари од повик):
Телеком: 143161

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING