Аца Лукас и Соња Вуксановиќ ставија точка на бракот во 2019 година, а пејачот, како што вели, останал во добри односи со неа.
Пејачот Аца Лукас откри дека е најдобар кога ќе се заљуби до уши во некоја жена, како што бил случајот со неговата поранешната партнерка Соња Вуксановиќ со која сега избегнува да се гушка кога ќе се сретнат некаде.
Најдобар сум на светот кога ќе се заљубам од глава до петици во жена. Во тие моменти јас сум многу лесен за манипулирање. Имам само две брзини – напред и назад. Кој се плаши, не знае како, јас пробувам и ми успева. Кога сум заљубен, кога сакам, тогаш е нешто многу посебно“ – рече Лукас.
Меѓу другото додаде:
Ги сакам жените најмногу на светот. Ние мажите живееме за жени. Во принцип, сè се сведува на тоа да најдеш жена во животот која ќе те сака и која ќе ја сакаш. Кога ќе се заљубиме, сакаме да бидеме што е можно подобри, да имаме што повеќе пари, да бидеме популарни. Жените нè сакаат. Понекогаш некој нема да го признае ова, но тоа е вистина“.
Поврзани објави
Од друга страна кога е во прашање неговата поранешна сопруга Соња, Аца секогаш има различни реакции, со оглед на тоа дека и нивниот однос се променил откако се разделие.
Соња и јас имаме многу убав пријателски однос. Не се бакнуваме или гушкаме кога ќе се видиме. Можеме да се гушкаме како пријатели, но веќе немаме љубовен однос. Тоа е сосема нормално. Се разбира, не сме во каква било војна како што мислат некои, сето тоа се измислици. Имаме одлична комуникација, но секој тргна по својот пат“ – изјави пејачот.
Фото: printskrin Youtube/Kurir
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: