Почетна ЕкономијаАхмети му се пожали на албанскиот амбасадор Мејдани: Албанците се потценуваат, војводата ни врти грб

Ахмети му се пожали на албанскиот амбасадор Мејдани: Албанците се потценуваат, војводата ни врти грб

од nenad
1 минути читај за

Ахмети го информираше Мејдани за актуелната политичка состојба во земјата и за последиците што може да ги донесе одлуката за суспендирање и непочитување на волјата на албанскиот народ изразена на демократски избори на 8 мај.

   

„Охридскиот договор го кршат и денешните вазали кои секојдневно ги понижуваат Албанците и се повеќе војводата ни врти грб и ги уништува достигнувањата во однос на еднаквоста во државата“, се нагласува во информацијата од кабинетот на Ахемти.Ахмети го информираше Мејдани за ангажманот на Пол Вилијамс и неговиот тим експерти за дизајнирање на платформата на легитимитет и не дозволување да се гази волјата на Албанците.

Се разговараше и за Коридорот 8 и беше договорено дека тој е најважниот историски инфраструктурен проект меѓу двете земји и ќе продолжи да се гради.„Сувото пристаниште во Струга, заедничката контрола на границата, изградбата на пругата Кичево – Драч, коридорот 8, мора да продолжат и навремено да се реализираат“, било наведно на средбата.