Почетна ЕкономијаЈермак: Украина не е против Катар да преговара за енергетската безбедност

Јермак: Украина не е против Катар да преговара за енергетската безбедност

од nenad
1 минути читај за

– Украина нема да се спротивстави доколку Катар или друга земја преговара за договор за енергетска безбедност преку одвоени разговори со Киев и со Москва, изјави денеска шефот на кабинет на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Но, тој додаде дека сè уште не е постигнат таков договор. – Одржавме тематски конференции, првата беше организирана заеднички со Катар за енергетската безбедност.

Тогаш рековме дека ако Катар или која било друга земја е подготвена да ги спроведе овие договори (постигнати на конференцијата) преку договори со Украина и со Русија одделно, ве молиме направете го тоа, наведе Јермак.

Тој не прецизираше за кои договори станува збор, но посочи оти сè уште не е постигнат договор за оти Киев не преговара директно со Москва.

Во август Катар беше домаќин на онлајн-конференцијата посветена на подобрувањето на безбедноста на енергетскиот систем на Украина по руските напади.

На конференцијата учествуваа претставници од околу 40 земји.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА

Може да ве интересира и...