Душко Тошиќ им ја открил комплетната слика на своите наследнички.
За време на гостувањето во едно ТВ-интервју, Јелена Карлеуша раскажа како изгледала нејзината прва средба по 20 години со поранешниот сопруг Бојан Кариќ.
Да биде уште поинтересно, средбата се случила додека популарната пејачка летала со своите ќерки Атина и Ника.
На прашањето на новинарката дали популарниот бизнисмен бил во друштво на својата актуелна сопруга, Јелена одговори дека нема поим бидејќи тој им пришол додека тие седеле во авионот.
Подавајќи ѝ рака на бившата сопруга, Кариќ им се претставил на нејзините ќерки како поранешен сопруг на нивната мајка, на што реакцијата на девојчињата била шок, земајќи предвид дека Атина и Ника воопшто не знаеле за минатото на Карлеуша. Но затоа, пак, нивниот татко Душко Тошиќ подоцна „изгуглал“ кој е Бојан Кариќ и им ја разјаснил ситуацијата.
Поврзани објави
Како изгледала „фаталната“ средба, погледнете во продолжение…
Видео: Instagram @telegraf.rs