Вчера имавме прилика да видиме нов театар во режија на ДУИ за
присвојување, приватизирање и фамилијаризирање на стратешкиот проект за
изградба на Коридорите 8 и 10. Како финансиите за изградбата да ги
даваат од своите џебови, Ахмети, Груби и нивните семејства, а не сите
даночни обврзници. Попатно, Артан Груби се обиде да сокрие нов
корупциски скандал со дел од избраните подизведувачи на градежниот
гигант „Бехтел и Енка“.
Затоа, денес ги поставуваме следните прашања, за кои очекуваме одговори:
Дали Артан Груби и кажа на Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, дека го
злоупотребува нејзиното присуство за да сокрие нови скандали со
партиските донатори на ДУИ?Колку милиони евра ќе легнат на сметките на
„Еуровиа“ и АК „Инвест“? Колку од тие ќе легнат на партиската сметка на
ДУИ, а колку во џебовите на неколкумина клиентелисти инсталирани во
опкружувањето на Али Ахмети?Дали Артан Груби смислил како да му
легнуваат провизии и кога ќе биде во опозиција? Зошто Артан Груби
одговорноста за своите лични гревови ги префрла на Американско-Турскиот
Конзорциум „Бехтел и Енка“? Со кое право и дрскост му наштетува на
корпоративниот имиџ на овој градежен гигант во светски рамки?
Артан Груби направил погрешна проценка. Мисли дека измените во
Кривичниот Законик ќе го спасат. Се лаже. Постојат основани сомневања
дека го злоупотребува своето политичко влијание и учество во извршната
власт за да остварува против правна имотна корист за повеќе адреси. Во
Кривичниот законик постои дефиниција „Продолжено кривично дело“. Му
препорачуваме да го прочита.
Конечно, може да заклучиме дека заложбите на ДУИ за полноправно членство
во ЕУ се политичка измама. Тие го злоупотребуваат стратешкото
партнерство во САД и ЕУ интеграциите за лично профитерство на грбот на
граѓаните.