Познатите филозофи велеле дека луѓето кои сакаат да се истакнат дека се многу паметни, обично спаѓаат во онаа група на луѓе кои немаат високо ниво на интелигенција
Филозофите уште во дамнешни времиња зборувале дека колку поинтелигентни се луѓето толку повеќе се сомневаат во себе и постојано се преиспитуваат дали можеле подобро да направат нешто. Имено, паметните луѓе не се радуваат на туѓиот неуспех, не озборуваат, не се расправаат и не им се потсмеваат на другите.
Се верува дека паметната жена не ја дефинираат работата, сопругот, децата и патувањата, туку претпазливоста кога станува збор за давањето ветувања. Паметните луѓе се занимаваат со факти, додека помалку интелигентните се занимаваат со трачови.
Кога го прашале Аристотел по што ги разликува паметните луѓе од површните, тој рекол:
„Мудриот човек не го следи тоа што е пријатно, туку тоа што му ги олеснува неволјите.“
Од друга страна, еден мудрец од Истокот имал поинаков одговор на истото прашање:
Поврзани објави
„Паметни се оние чии планови се реализираат во повеќето случаи.“
Имено, паметните луѓе не се жалат поради својата судбина, туку гледаат како можат што побрзо да се избават од проблемите и да си ги исполнат желбите. Тие сами си поставуваат задачи и ги извршуваат. Го ценат тоа што го имаат, а најмногу се борат да постигнат сè самите.
Преземаат одговорност за своите постапки и не ги обвинуваат другите за личните неуспеси, си даваат време да закрепнат, но исто така се стремат брзо да ги надминат психичките падови и да продолжат понатаму.
Сите лоши ситуации ги сфаќаат како бесценето искуство, додека благодарни се за сите убави работи. Освен тоа, тие не чекаат да им се случи нешто убаво, туку си создаваат мигови за паметење и нивната радост не зависи од другите.
ФОТО: Timothy Dykes / Unsplash