Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска истакна дека кооперацијата помеѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) “веќе не е релевантна по повторното воведување на санкциите на Обединетите нации (ОН) поврзани со нуклеарната програма на Иран”.
Арагчи пред дипломатски собир додаде: “Нови одлуки мора да се донесат и, според мене, договорот од Каиро повеќе не е релевантен во сегашната ситуација”.
Тој се осврна на спогодбата постигната минатиот месец меѓу Иран и МААЕ, која имаше за цел да ја обликува нивната соработка.
Во јули, Иран ја прекина целата соработка со нуклеарната агенција на ОН, како резултат на бомбардирањето на иранските нуклеарни објекти од страна на Израел и САД за време на 12-дневниот конфликт.
сд/фото:МИА архива .
Извор: МИА