Почетна МакедонијаАнгелов: Пожарот кај Ајватовци е излезен од контрола, постои опасност ветрот да го прошири огнот кон селото

Ангелов: Пожарот кај Ајватовци е излезен од контрола, постои опасност ветрот да го прошири огнот кон селото

од nenad
1 минути читај за
t

Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Постои опасност од ветерот пожарот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе се фокусираат да го сопрат огинот да се движи кон селото, изјави Ангелов.

Тој нагласи дека пожарот е веќе излезен од атарот на скопското село Ајватовци и додаде дека е изгорен и Ајватовски рид.

Ангелов најави дека уште од рано наутро двата полициски хеликоптера ќе почнат да дејствуваат на пожарот, а нешто подоцна ќе им се приклучат и двата авиони ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во овој момент ќе се обидеме да направиме уште нешто за локализирање на пожарот во текот на ноќта, потенцира Ангелов.