За прв пат од 2018 година, познатата модна ревија се одржа со познати лица како Тајра Бенкс, Џиџи Хадид, Адријана Лима и други.
Оваа година омиленото и најпознато шоу на секоја девојка и жена се емитуваше во живо на социјалните мрежи и Амазон и беше проследено од повеќе од 20 милиони гледачи.
„Викторија Сикрет“ со години беше мета на критики особено по последната модна ревија за поставување нереални критериуми за убавина. Па затоа, оваа година за прв пат на пистата настапија и плус-сајз модели меѓу кои и добро познатата Ешли Греам.
Спектакуларно за овој настан беше и појавата на најпознатите претставници на овој бренд уште од 2000 – те како Тајра Бенкс, Адриана Лима, Кејт Мос, Алесандра Амбросио и други… Блеснаа во одамна невидено издание и повторно докажаа дека секоја жена безразлика на годините и големината, може да изгледа беспрекорно.
На ревијата настапуваше и Шер која изгледаше како модел и во својата осма деценија.
Поврзани објави
Доколку го пропуштивте емитувањето во живо, ревијата може да ја гледате на Youtube каналот на Victoria’s Secret.
Линк до видеото:
Фото: Facebook