Емоции на сите страни
Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, неодамна по долга пауза објави песна со Елена Кариќ, но на нејзините следбеници повеќе им се допадна изведбата на големиот хит на Шабан Шаулиќ.
Анастасија на Инстаграм објави видео како ја пее песната на Шабан „Cveto“, што особено ја погоди откако се пресели во Севиља и, како што вели Шабан во песната, отиде во странство. Пејачката во неколку наврати нагласи дека најмногу и недостига нејзината мајка, па оваа песна ја поврзува со неа.
Имено, таа објави видео од својот дом на кое е целосно опуштена без трошка шминка.
Поврзани објави
Видеото може да го погледнете ОВДЕ
Да потсетиме, Анастасија првично не беше прифатена од мајката на нејзиниот сопруг, Оливера Гудељ, но и од сестрата на Немања, Вања. Но, ситуацијата драстично се промени, а сега се неразделни. Анастасија на 8-ми март објави фотографија на која е прегрната со свекорот и свекрвата.
Фото: printskrin Youtube/ Anastasija Raznatovic