Почетна ЕкономијаАЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на над 95 проценти

АЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на над 95 проценти

од nenad
1 минути читај за

АЛТА Банка АД Белград продолжува да го зголемува сопственичкиот удел во АЛТА банка АД Битола.

Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, српската банка се стекнала со дополнителни 60 обични акции од АЛТА банка АД Битола.

По оваа трансакција, АЛТА Банка АД Белград поседува вкупно 372.468 обични акции, што претставува 95,2660 проценти од вкупниот број издадени обични акции на битолската банка.

Со тоа, уделот на АЛТА Банка АД Белград дополнително се приближува до целосна сопственост врз АЛТА банка АД Битола.

Ова е уште една промена во сопственичката структура на банката во текот на годинава. Македонската берза во септември евидентирала повеќе известувања поврзани со промени кај акционери со значителен удел во АЛТА банка.

АЛТА банка АД Битола е поранешна Стопанска банка АД Битола, која во декември 2025 година го промени името во АЛТА банка АД Битола по добиена претходна согласност од Народната банка и измена на Статутот.