Сестрата на Гога Секулиќ проговори за медиумите откако пејачката утрово доживеа сообраќајна несреќа во белградската општина Звездар…
Гога Секулиќ утрово на 2 септември била удрена на пешачки премин кога на неа налетал М.Д.(41) со автомобил „фолксваген кеди“, а пејачката со возило на Брза помош била пренесена во Ургентниот центар.
Медиумите се обидоа да стапат во контакт со фолкерката, но таа не се јавила на телефон, но сепак за белградските новинари зборувала нејзината сестра Александра.
Гога е добро, моментално е во Итна помош и се прават испитувања на целото тело. Таа е свесна и не крвари. Сега се прави снимање за да се утврди дали можеби има некаде скршеница“.
Поврзани објави
На прашањето како се случила несреќата, Александра рече:
Гога прописно чекала да ја помине улицата, а возачот од никаде налетал на неа со голема брзина кога била на пешачки премин и ја удрил. Сведоци има многу, а и тој ја призна вината“ – изјави сестрата на Гога.
Фото: Инстаграм / принтскрин
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: