Почетна ЕкономијаАеродромот во Алборг затворен по Копенхаген поради дронови

Аеродромот во Алборг затворен по Копенхаген поради дронови

од nenad
1 минути читај за

Аеродромот во Алборг, град лоциран во северниот дел на Данска, беше привремено затворен за авионскиот сообраќај синоќа, поради навлегување на беспилотни летала во неговиот воздушен коридор.

Ова е продолжение на низата случувања од ваков вид, откако во понеделникот, поради истата причина, аеродромот во Копенхаген беше блокиран четири часа, додека во текот на истиот ден, сообраќајот на аеродромот во Осло беше прекинат за три часа.

Во меѓувреме, надлежните органи во Данска и Норвешка се во комуникација, но нивната истрага досега не укажува на поврзаност помеѓу споменатите инциденти.

Претставник на аеродромот во Алборг одби да даде коментар во врска со бројот на забележани дронови, но полицијата потврди дека е регистриран значителен број.

“Активностите на дроновите го нарушуваат нормалното работење на аеродромот во Алборг. Затоа воздушниот сообраќај е затворен и сите летови, од сега па натаму, се откажани”, изјави шефот на локалната полиција, Јеспер Бојгард, додавајќи дека ситуацијата континуирано се набљудува и контролира од нивна страна.

Полицијата, исто така, нагласи дека останува отворено прашањето дали дроновите забележани над Алборг се поврзани со оние од пред два дена во Копенхаген. сд/фото: ЕПА. Извор: МИА