Почетна ЕкономијаАгенција за филм на РСМ: Новата турско-македонска серија „Моето име е Ајламаз“ се снима во Истанбул, Скопје и Валандово

Агенција за филм на РСМ: Новата турско-македонска серија „Моето име е Ајламаз“ се снима во Истанбул, Скопје и Валандово

од nenad
1 минути читај за

Филмската агенција објави дека учествува во меѓународниот проект „Моето име е Ајламаз“, нова серија во продукција на NS Продукција за дигиталната платформа Tabii на TRT, под раководство на реномираниот турски режисер Мустафа Котан. Снимањето се одвива во Истанбул, Скопје и селото Башибос во Валандово, што, како што велат, „симболично ја зацврстува културната и продукциската соработка меѓу Македонија и Турција“.

Во глумечката екипа се појавуваат Јамур Танрисевсинлер, Сузан Кардеш, Филиз Ахмет и Игор Рангелов, чиј интернационален состав дополнително ја збогатува серијата и го потврдува духот на копродукцијата.

„На покана на продукцијата, на сетот во Истанбул присуствуваше советникот на директорот на Агенцијата за филм, Стефан Ѓиноски, чија посета претставуваше значајна промоција на потенцијалите и условите кои Северна Македонија ги нуди за снимање странски продукции“.

Со ова присуство, уште еднаш се потврдува посветеноста на Филмската агенција да ја пласира државата како привлечна и конкурентна филмска дестинација во регионот, отворена за меѓународни копродукции и партнерства, се нагласува во известувањето од Агенцијата за филм.

Агенцијата за филм, известува дека активно ќе продолжи да ја развива и унапредува Република Северна Македонија како посакувана и стратешка локација за интернационални филмски проекти, овозможувајќи нови перспективи за креативна и финансиска интеракција.

aa/Фото: Агенција за филм на РСМ