Министерството за високо образование на талибанците стави под забрана 679 учебници и академски публикации наменети за авганистанските универзитети.
Овие книги се елиминирани од употреба поради тврдењата дека поседуваат идеолошки, религиозни, политички, културни и академски несоодветни содржини.
Министерството за образование им сугерираше на универзитетите веднаш да ги отстранат забранетите книги и материјали од употреба.
Забранетите книги покриваат широк спектар на теми, почнувајќи од исламски прашања, право, економија, новинарство, литература и психологија, па сè до инженерство, медицина, земјоделство и екологија.
Публикациите кои се наоѓаат на листата за забрана се издадени од страна на ирански, арапски, западни и авганистански издавачки куќи.
Исто така, се забранети и книги кои се напишани од жени, но “сè уште се разгледува можноста да бидат забранети сите книги пишувани од жени.”
Откако талибанците се вратија на власт во Авганистан во 2021 година, на девојчињата им е дозволено да посетуваат само основно образование.
Извор: МИА
Фото: ЕПА