Почетна Македонија ТРУДНА АНГЛИЧАНКА ГО ПРОНАШЛА МРТОВ НЕЈЗИНИОТ ПАРТНЕР НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД ДА ОДИ НА ПОРОДУВАЊЕТО

ТРУДНА АНГЛИЧАНКА ГО ПРОНАШЛА МРТОВ НЕЈЗИНИОТ ПАРТНЕР НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД ДА ОДИ НА ПОРОДУВАЊЕТО

од nenad
2 минути читај за

Трудна Англичанка која требало да оди во болница на породување се обидела да го разбуди својот партнер на денот на породувањето, пред да сфати дека тој починал. Четириесетгодишниот Томас Гибсон починал од срцев удар во сон, што се случи 11 дена откако лекар погрешно протолкувал едно скенирање, покажа истрага. Ребека Мос раскажа како се обидела да го разбуди Гибсон пред да оди во болница на закажан царски рез, но кога го допрела, тој бил ладен и вкочанет. Таа родила ќерка само неколку часа подоцна, на 7 јуни 2023.

   

„Шокот, траумата и физичкиот напор поради тоа што морав да го повлечам Том од каучот и да извршам компресија на градите во 39. недела од бременоста беа премногу. Тој беше многу возбуден што ќе стане татко и секој викенд правеше мебел за бебето. Том ќе продолжи да живее низ нашата ќерка, но тоа нема да го промени фактот дека физички нема да биде со нас“, кажа Мос во судот во Стокпорт.

Гибсон бил во болница на 27 мај откако три недели го мачел сериозен стомачен вирус. На прегледот со ЕКГ била утврдена можна блокада, но и покрај знаци на абнормалност, дежурниот лекар заклучил дека тоа не е клинички значајно во отсуство на други срцеви симптоми. Гибсон бил пуштен од болница и му било кажано да дојде повторно ако вирусот не помине. Подоцна било утврдено дека ЕКГ покажал знаци на целосна срцева блокада, што може да доведе до ненадеен срцев удар.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING