Почетна Македонија Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК”

Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК”

од nenad
2 минути читај за

„Јас сметам дека во тој процес апсолутно нема ништо, апсолутно нема ништо. Меѓутоа тоа ќе си го докажат органите. Сметам дека се невини, знам одредени информации. ДКСК во тоа време оценила дека има одредени неправилности, но ако ги погледнете аргументациите во тој период посебно за вршење на надзор, таму се покренува обвинителен предлог бидејќи не бил извршен надзор, а човекот во тој период не бил на позиција”, рече Спасовски.

   

Прашан дали го знае обвинителниот предлог по кој се гонат тројцата функционери на СДСМ, тој рече: „Видов дел нешто”, но не кажа кој му се пожалил: „Тоа не е воопшто важно, дали ми се пожалил или не, важно јас ги видов тие аргументации, не можам ништо јас тврдам”.Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба, а Димевски и останатите обвинети за несовесно работење.

„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост”, соопштија од ОЈО.Спасовски посочи и дека не офрла можност за коалиција со ДУИ, иако напомена дека имаат замерка од граѓаните што пак влијаело и на изборниот резултат.

„Во политиката секогаш треба да се седне да се разговара. Не смеете однапред да ги отфрлите сите работи. Треба да се разговара со секој еден”, рече Спасовски.  Посочи дека граѓаните треба да се послушаат, ако замераваат на таква коалиција, па додаде: „ако ги гледаме кои се проблемите, ќе треба да се сменат одредени принципи и да се носат одлуки”.

Спасовски, прашан за коментар за скандирањето „УЧК, УЧК” среде скопскиот плоштад рече: „Апсолутно сум против тоа, апсолутно сметам дека е непотребно дека иритирачки, дека за тоа ништо не се добива. Го осудувам тој начин на комуникација”.Прашан како ја доведоа партијата да биде трета по гласови во Куманово, одговори: „Ако анализираме по состојбите какви се по првиот изборен круг, мислам дека трендот е тој, кој што е во цела Македонија”.

„Секако треба да се направат и детални анализи до еден таков тренд. Имам претпоставка, дека стојат генерални причини кои прават перцепција, една од причините можеби се уставните измени, францускиот предлог – како генерална причина. Состојбата со коалицијата со ДУИ изминатиот период исто така можеби е една од причините. Секако дека постојат и низа други причини за еден ваков изборен резултат”, рече Спасовски.Спасовски рече дека треба да се види што ги нервира луѓето, деталите видете ги во подкастот каде зборуваше и за други актуелни теми.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING