Почетна Технологија Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

од nenad
3 минути читај за




Специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ на денешната билатерална средба со премиерот на техничката влада Талат Џафери остварена на маргините на лидерскиот состанок за Планот за раст во Котор, Црна Гора ја истакнал натамошната поддршка на Париз за евроинтегративниот пат на земјава и повикал на почитување на меѓународно преземените договори од страна на сите политички чинители во земјава. „На средбата, се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата Влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ, и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички чинители“, се наведува во соопштението на Владата на РСМ за средбата.

   

Премиерот Џафери од своја страна изразил надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока, како што се наведува во владиното соопштени, премиерот на техничката влада со својот соговорник ја споделил загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новозибраната претседателка на државата. Тој, се додава, повикал и на почитување на меморандумот потпишан од политичките партии во однос на предусловите за интегрирање на земјата во Европската Унија. Дополнително Џафери нагласил дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата Влада, туку исполнуивањето на европската агенда.

„Тоа е патот на иднината и на просперитетот за кој тој ќе продолжи да работи во кое било својство или функција“се наведува во соопштението. Темите за кои разговарале Џафери и Троказ се актуелизираа по инаугуарцијата на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова на која таа не го употреби уставното име на државата – Република Северна Македонија, туку користеше само „Македонија“. Ова предизвика реакции од Грција, чија амбасадорка, Софија Филипиду во знак на протест ја напушти инаугуративната седница во Собранието во неделата, по што уследија и изјави на највисоки претставници на властите во Атина.

Грчкиот премиер во својата последна изјава дадена во интервју за телевизијата Скај рече дека отстапувањето од Договорот од Преспа ќе донесе последици на европскиот пат на Северна Македонија и во билатералните односи со Грција. Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис вчера во интервју за грчката телевизија ЕРТ рече: „Сите сфаќаме дека новото раководство на Северна Македонија може идеолошки да има поразлично мислење, но постојат прашања што се над нивната волја.“



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING