Почетна Технологија СДСМ: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

СДСМ: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

од nenad
1 минути читај за




Почитувани,

Имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски. Како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ. Констатирани се одредени неправилности, но сметаме дека тие се незначителни.

Граѓаните можеа слободно да ја искажат својата волја и одлучат за иднината на земјата. Правото на глас и слободно одлучување се најзначајни придобвки на демократијата.  Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа на изборите и гласаа. Граѓаните покажаа демократски капацитет а институциите зрелост и имавме слободни, демократски мирни и достоинствени избори.

Особена благодарност изразуваме за граѓаните кои го дадоа својот глас за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Граѓанската волја ќе одлучи по кој  колосек ќе се движи Македонија понатаму.

Во очекување сме на првичните изборни резултати по што дополнително ќе излеземе со став.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING