Почетна Технологија НОВИНАР НА БИ-БИ-СИ ИСЧЕЗНА НА ГРЧКИ ОСТРОВ „Сакаше пеш да се врати од плажа“

НОВИНАР НА БИ-БИ-СИ ИСЧЕЗНА НА ГРЧКИ ОСТРОВ „Сакаше пеш да се врати од плажа“

од nenad
2 минути читај за

Жештината беше неподнослива и лесно може да ти се слоши во такви услови. Сакаше пеш да се врати од плажа, но ова е растојание од околу час и половина и можеби користел одредени патеки за да го пресече патот, рече градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас за „Катимерини“.

Британскиот новинар и презентер на Би-би-си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, исчезна на малиот грчки остров Сими, а во тек е потрага за негово пронаоѓање, јави дописничката на МИА од Атина.Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, а според медиумите, во средата попладне му се изгубила трагата, додека случајот беше објавен вчера попладне.

   

Веднаш откако било пријавено дека 67-годишниот новинар не се вратил во хотелот каде што престојувал, започнала и потрагата на полицијата и противпожарната служба со дрон и хеликоптери, како и волонтери од островот.Во средата, Мосли, заедно со сопругата и уште еднa двојка, како што пишуваат медиумите, со чамец заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови.

– Жештината беше неподнослива и лесно може да ти се слоши во такви услови. Сакаше пеш да се врати од плажа, но ова е растојание од околу час и половина и можеби користел одредени патеки за да го пресече патот – рече градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас за „Катимерини“.Според истите информации во медиумите и Мосли и неговата сопруга не ги носеле со нив мобилните телефони.Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING