Почетна Технологија Нимиц ќе добие награда за мир на конференција организиранa од Заев и Ципрас

Нимиц ќе добие награда за мир на конференција организиранa од Заев и Ципрас

од nenad
1 минути читај за

   

Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, а конференцијата ќе се одржи на 17 и 18 јуни во Атина и планирано е учество на политичари, експерти, премиери, поранешни претседатели, поранешни премиери и поранешни министри, еврокомесари, академици, директори на институти и сл. од Европа, Балканот и пошироко.

Според информациите на МИА од Атина, планирано е да има осум панел дискусии, кои се однесуваат на Балканот, на регионалните случувања и улогата на меѓународните организации во промовирањето на мирот, на климатската криза и зелената агенца, на европската и грчката економија и на иднината на Европа и справувањето со екстремната десница.

Амбиција на организаторите, според истите информации е „Меѓународната конференција за мир и одржлив развој“ да стане традиционална и да се одржува во јуни секоја година на годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа.Паралелно, во рамките на конференцијата, секоја година ќе се доделува награда за мир, под име „Награда од Преспа“, а првата ваква награда, оваа година ќе му биде доделена на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Метју Нимиц.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING