Почетна Убавина и здравје Не личи на себе, а експертите откриваат зошто се изобличил! – Убавина и здравје

Не личи на себе, а експертите откриваат зошто се изобличил! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Том Круз ја загрижи јавноста со новите фотографии од плажа, а еве за што, всушност станува збор

Холивудскиот актер Том Круз, кој сега има 61 година, најпознат е по улогите во акциони филмови, како што се „Топ Ган“ и „Невозможна мисија“.

Во овие филмови, кои станаа култни, актерот тврди дека секоја каскадерска сцена ја снимил исклучиво сам, што многупати и го докажал.

Но неодамнешните фотографии од него покажуваат дека неговата физичка градба не се поклопува целосно со градбата на други холивудски актери на истата возраст.

Обожавателите веднаш реагираа на фотографиите од актерот на една шпанска плажа, напоменувајќи дека неговото торзо изгледа „млитаво“.

Некои сугерираат дека опуштената кожа укажува на тоа дека ѕвездата правела естетска операција, како ставање „пек“ импланти или липосукција.

Многумина го споредиле Круз со други негови врсници како Бред Пит (60) и Бенџамин Брат (60), кои имаат слична градба, но без опуштениот изглед.

Пластични хирурзи и фитнес-експерти откриле зошто оваа појава се развила кај Том Круз.


Поврзани објави

Опуштената кожа околу средниот дел на стомакот може да е резултат на липосукција, открил доктор Дејвид Хил, пластичен хирург од Чикаго.

Липосукцијата е процедура која подразбира шмукување мала количина на маснотии во деловите од телото каде што се насобираат наслаги, како што се долниот дел, колковите, бутовите и стомакот.

„Обично, ако ја намалите тежината по природен пат, со текот на времето, ќе добиете мали збрчкувања и неправилности на кожата, бидејќи тоа се случило постепено“, рекол доктор Хил.

„Во случајот на липосукција, бидејќи процесот се случува брзо, кожата нема време да се собере толку… па така, опуштената кожа на Том Круз би можела да биде знак на липосукција.“

Доктор Хауард Собел, естетскиот дерматолошки хирург во болницата Ленокс Хил во Њујорк, рекол дека не е возможно со сигурност да се каже дали Круз имал липосукција или не.

Опуштената кожа што ја гледаме на сликите е само природен знак на стареење, вели тој.

„Од кој било човек на 61 години би очекувале да има опуштена кожа, бидејќи така старееме, ја губиме еластичноста на кожата.

Пределот на градите и под градите, кожата околу ребрата и стомачните мускули се тие што честопати први ја губат еластичноста, особено кај мажите.“

Како што стареат луѓето, така нивоата на колаген и еластин во кожата постепено се намалуваат, што предизвикува таа да ја изгуби снагата и да стане помалку цврста.

Тој додал дека опуштената кожа по липосукција е компликација што типично се гледа само кај пациенти кои треба да истопат многу маснотии, што не е случајот со Том Круз.

Том Круз ја сними најопасната сцена во кариерата: „Работевме на ова со години“ (ВИДЕО)

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING