Почетна Економија НА ВОЈДАН МУ Е ПОТРЕБНА НАШАТА ПОМОШ! Мајката Марија со молба до сите хумани граѓани

НА ВОЈДАН МУ Е ПОТРЕБНА НАШАТА ПОМОШ! Мајката Марија со молба до сите хумани граѓани

од nenad
2 минути читај за




Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ, вели мајката.

Војдан е дете со церебрална парализа. Предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.

   

Сега води тешка битка. Неговата мајка Марија Спасоска се обраќa и бара помош.

– На Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ – вели мајката Марија.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING