Почетна Македонија Левица: Вработените во Еуроникел принудени да работат за минимална плата

Левица: Вработените во Еуроникел принудени да работат за минимална плата

од nenad
2 минути читај за




Од партијата Левица денеска реагираат дека новиот сопственик на Еуроникел (поранешно Фени), турскиот Јилдирим, ги принудува вработените да прифатат договори на минимална плата. Според Левица, Владата оставила 740 вработени во потчинета положба на странските капиталисти кои по принципот „земи или остави” ги принудува вработените да работат за минималец, а доколку одбијат ќе бидат заменети со други странски работници.

   

„После промена на сопственичката структура во ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ вработените кои со години работеа во оваа фабрика се оставени на егзистенцијален раб. Менаџментот на фабриката одлучи на работниците да им понуди нови договори со минимални плати, под закана доколку не прифатат ќе бидат заменети со работници од други држави.

Девастирањето и експлоатацијата на трудот на работникот не е ништо ново кога станува збор за странски инвеститори кои единствена цел имаат да направат профит и истиот да го изнесат надвор од државата! Не ретко се случува „странските инвеститори” да се домашни државјани кои со нелегални пари преку оф шор компании наводно инвестираат во Македонија.

​Да се потсетиме дека гигантот ФЕНИ во 70- тите години од минатиот век е изграден од работниците, со народни средства и бил во сопственост на државата! Поради неспособноста и алчноста на политичарите, оваа државна компанија неколку пати е доведена во стечај по што „го спасуваа” приватни компании“, реагираат од Левица. Од таму додаваат дека ќе поднесат иницијативи до сите релевантни институции со цел да се прекине изживувањето врз работниците.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING