Почетна Убавина и здравје Кое е најдоброто а кое најлошото место за запознавање со потенцијален партнер?

Кое е најдоброто а кое најлошото место за запознавање со потенцијален партнер?

од nenad
2 минути читај за

Според вас каде е најдоброто место да запознаете некој со кој ќе поминете поголем дел од животот – во парк, клуб, ресторан, работа или преку пријател? Никогаш не можеме да бидеме сигурни колку долго ќе бидеме во врска со некого, дали тој е вистински или само еден од оние што се на „поминување“, особено не според местото каде што сме го запознале тој некој. Но, експертите тврдат дека постои некаква врска помеѓу тоа како и каде сме запознале одредена личност.

Со право можеме да кажеме дека најдобар начин да запознаете некого е преку заеднички пријатели затоа што можат да ни кажат реална слика за личноста, исто така нашите пријатели знаат што ни се допаѓа, какви партнери избираме и кои се нашите цели во животот, па со помош на таквите информации можат да не поврзат со личност слична на нас.


Поврзани објави

Меѓутоа, во ерата на технологијата и прекумерното користење на интернетот, запознавањето со потенцијалните партнери најмногу е сведено на социјалните мрежи, но и апликациите и сајтовите за запознавање. Не би било толку лошо, ако луѓето кои седат зад компјутер или лаптоп искрено се опишат себеси, без претерување и ако не ги изберат само сликите на кои изгледаат најубаво. Таму е можно да се споделат разни информации, како интереси, омилена музика и филмови, но тоа не е доволно за двајца да знаат дека се еден за друг. Затоа повеќето лични познанства завршуваат само со еден состанок, додека од друга страна, дури и да започнете врска, тие обично не траат толку долго.

Друг начин да запознаете партнер е на работа. На работа, особено ако работите во компанија со многу луѓе, сосема е нормално да развиете флерт или малку повисоко ниво на дружење. Ова е особено точно кога поголемиот дел од денот го поминувате со една личност, сите пет дена во неделата. Но, експертите се против ваквиот начин на меѓусебно запознавање, бидејќи тогаш настануваат конфликти кои го мешаат приватниот и деловниот живот. Посебно треба да размислите за чувствата кои ќе ги имате по раскинувањето, а таа личност ќе мора да ја гледате секој ден, што доведува до непријатност. Затоа, избегнувајте некој колега од работа да ви стане партнер, бидејќи на работа ќе имате проблеми со односите.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING