Почетна Убавина и здравје Каќа Грујиќ планира да го прошири бизнисот! Пејачката раскажа што има намера да прави во Колашин (ВИДЕО/ФОТО)

Каќа Грујиќ планира да го прошири бизнисот! Пејачката раскажа што има намера да прави во Колашин (ВИДЕО/ФОТО)

од nenad
2 минути читај за

Пари на пари одат…


Каќа Грујиќ пред летото ќе претстави нова песна и напорно работи на нов албум, но тоа не се единствените бизнис планови на младата пејачка.

Освен успешната пејачка кариера, Катарина Грујиќ со сопругот Марко Гобељиќ поседува и станови во Колашин кои ги издава, а сега откриа дека планира да го прошири имотот со етно село.

„Имаме планинарски куќи кои ги издаваме во Колашин, планираме да ги прошириме и да создадеме етно село. Но полека, уште да не се откривам, сигурно имаме многу деловни планови, бидејќи имаме и дете, мора да размислуваме за иднината“, вели Каќа.

Во таа прилика меѓу другото Каќа ги коментираше и новите албуми кои деновиве ги објавија нејзините колеги.


Поврзани објави

„Ја слушав Барбара Бобак и воодушевена сум не стигнав да ги слушам новите песни на Теодора, но промената на бојата на косата е совршенство! Едвај го чекам новиот албум на Аце Пејовиќ“, рече таа и откри дека нејзината нова песна ќе излезе пред лето.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING