Почетна Технологија Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот

Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот

од nenad
1 минути читај за

Покрај предлагачите Германија и Руанда, спонзори на резолуцијата се: Албанија, Австралија, Австрија, Бангладеш, Белгија, БиХ, Бугарија, Чиле, Данска, Естонија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Ирска, Исланд, Италија, Јордан, Канада, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малезија, Маршалските Острови, Норвешка, Нов Зеланд, Полска, САД, Северна Македонија, Словенија, Шведска, Турција, Велика Британија и Вануату, се наведува во нацрт резолуцијата.

   

Нацрт-резолуцијата безрезервно ги осудува дејствијата кои ги глорифицираат осудените за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, вклучително и одговорните за геноцидот во Сребреница. Исто така, се нагласува важноста од завршување на процесот на пронаоѓање и идентификување на преостанатите жртви на геноцидот во Сребреница и нивно достоинствено погребување и се повикува на продолжување на кривичното гонење на сторителите на геноцидот во Сребреница.Се повикуваат сите држави целосно да се придржуваат кон своите обврски од Конвенцијата за спречување и казнување на криминалот на геноцид, меѓународното обичајно право за спречување и казнување на геноцид, притоа почитувајќи ги одлуките на Меѓународниот суд на правдата.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING