Почетна Балкан Избран тренерот на сезоната во Евролигата – Курир

Избран тренерот на сезоната во Евролигата – Курир

од nenad
1 минути читај за
Избран тренерот на сезоната во Евролигата

Шпанскиот стратег и тренер на Реал Мадрид, Чус Матео е избран за најдобар тренер во Евролигата.

Признанието кое го носи името „Александар Гомељски“ заслужено оди во неговите раце, ако се знае дека Реал беше најдобриот тим во основниот дел од сезоната на Евролигата со учинок од 27/7.

Во плеј-офот со 3:0 ја елиминирааше Басконија и така обезбеди пласман на завршниот турнир

„Кралевите“ во Берлин на крајот од месецот ќе ја бранат титулата која минатата година ја освоија во Каунас.

Со изборот Матео стана трет шпански тренер кој ја освоил оваа награда. Пред него истата ја освојуваа Чави Пасквал и Пабло Ласо. Во претходните две сезони добитник беше Јоргос Бароцкас.

Извор : Kurir.mk

Избран тренерот на сезоната во Евролигата

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING