Почетна Економија Во Литванија се одржува вториот круг од претседателските избори

Во Литванија се одржува вториот круг од претседателските избори

од nenad
1 минути читај за

Во Литванија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, а актуелниот претседател Гитанас Наузеда, кој освои најмногу гласови во првиот круг, се очекува да добие уште еден мандат.

Наузеда (60), поранешен економист во шведската банкарска групација СЕБ, кој е независен кандидат, освои 44 отсто од гласовите во првиот круг од изборите одржани на 12 мај.

Негов противкандидат е премиерката на Литванија Ингрида Шимонита (49) од владејачката централно-десничарска партија Татковинска унија, која освои 20 отсто од гласовите во првиот круг.

Литванија, земја членка на Европската Унија, има околу 2,4 милиони гласачи кои имаат право на глас. паг/Фото: ЕПА   .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING