Почетна Технологија ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

од nenad
1 минути читај за

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини.

   

Со активностите се опфатени: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и др.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING