77
Министерството за внатрешни работи уште се обидува да го најде 26-годишниот Самоил Костадиновски, кој исчезнал во саботата на 4-ти март, според информации од МВР.
Костадиновски е внук на Љубе Бошкоски, поранешен министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија.
Пред да исчезне, Костадиновски комуницирал со познаници и изјавил дека е во голем хаос. Никој не знае каде може да е и што може да се случило.
Неговото исчезнување било пријавено од неговиот брат на 4-ти март.