Синоќа во 21 часот и 59 минути се почуствува земјотрес во областа на Битола-Лерин со јачина од 3,3 степени според Рихтер.
Телеметриска сеизмолошка мрежа на Македонија, која има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, а ја одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес вчера (09.03.2023) во подрачјето на Битола-Лерин, 125 километри југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци на опсерваторијата, земјотресот имаше Рихтерова локална магнитуда ML3.3 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а се почувствувал од луѓето во Битола и околните места.
