INFOMAX.MK

од nenad
1 минути читај за

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на источниот брег на Камчатка.

Земјотресот се случил на длабочина од 101 километар во близина на источниот брег на полуостровот Камчатка во Русија, а засега нема информации за евентуални штети или жртви.

Да потсетиме, вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка на рускиот далечен исток утрово еруптираше и исфрли облак од пепел висок десет километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај.

Властите објавија црвен аларм, истакнувајќи дека западно од вулканот патува „голема прачка од пепел“ и дека во секое време може да се случи експлозија, која исфрла пепел висока до 15 километри.

Засега нема потврда дека има поврзаност меѓу вулканската ерупција и земјотресот.