Почетна ЕкономијаHBO го исфрли Милош Биковиќ од серија поради Украина

HBO го исфрли Милош Биковиќ од серија поради Украина

од nenad
1 минути читај за

Откако претходно беше најавено дека Биковиќ ќе биде дел од новата сезона на серијата „The White Lotus“, се огласи „HBО“ и соопшти дека одлучиле да ја прекинат соработката со актерот поради контроверзиите околу Украина.

   

„Решивме да се разделиме со Милош Биковиќ и улогата ќе биде пренаменета“, изјавил портпаролот на продукциската куќа во соопштението.Министерството за надворешни работи на Украина претходно упати остра критика, пишувајќи дека Биковиќ е личност која поддржува геноцид и го крши меѓународното право.

„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на сеопфатната инвазија, сега треба да глуми во третата сезона на „The White Lotus“ на „HBO“. „HBO“, дали е во ред да работите со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право?“, наведоа од Министерството.Серијата не откри детали за ликот што требаше да го толкува, но се верува дека Биковиќ добил мала улога како Русинот Валентин, кокетен јоги и хотелски ментор за подобрување на животот.