Планот за обезбедување на надоместок од 81.000 денари за период од девет месеци на жените земјоделки во случај на породилно отсуство, ќе стане системски замислување преку промена на Законот за работни односи и задолжително здравствено осигурување, во иднина. Ова беше објаснето на денешната трибина со земјоделците во Општина Кривогаштани.
„Целта е да не дискриминираме жените земјоделки и да се зголеми наталитетот во земјата. Ова е извонредна мера“, истакна Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.
Вчера, објавени се два јавни повици за грантови од 10.000 евра за сите регистрирани мали оператори на храна, каде најголем број се состои од жени.
„Во следните четири години, целта е да се поддржат со грантови и форми на ко-финансирање и да се создадат и креираат 2.000 нови мали семејни бизниси со програмите на Министерството. Целта е да се создадат услови за жените и младите да останат во државата “, додаде Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Федерацијата на фармери е задоволна со овие мерки.
„Ова ќе има позитивен ефект кон зголемување на бројот на регистрирани жени земјоделци и фармери, исто така, ќе влијае позитивно на зголемување на бројот на млади жени фармери“, изјави Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери.
Во иднина регистрираните земјоделци ќе имаат право да бараат платен надоместок во случај на отсуство од работа поради болест, како што е предвидено во законот за пензиско и инвалидско осигурување.
