Почетна Убавина и здравјеНачинот на којшто си го одбрала сопругот е ужасен! – Убавина и здравје

Начинот на којшто си го одбрала сопругот е ужасен! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Малку се знае за љубовниот живот на најпознатата британска премиерка Маргарет Тачер

Медиумите ја нарекуваа „челичната леди“ поради начинот на владеење. Маргарет Тачер била првата жена на чело на британската влада од 1979 до 1990 година. Поранешната британска премиерка била расистка, не ги поднесувала глупостите на министрите и повремено уживала во добро виски, барем според документите од архивата на британската влада, кои биле објавени според закон по 30 години чување како државна тајна.

Не може да се каже дека била алтруистка, бидејќи немала чувство за еднаквост меѓу луѓето со различна боја на кожа од нејзината. Имено, според весникот The Guardian, Маргарет Тачер своевремено ја одбила неофицијалната молба од ОН, кои побарале Британија да прими 10.000 бегалци од Виетнам, со изговор дека би можело да дојде до бунт ако Виетнамците имаат предност пред „белите граѓани“ при добивањето државни станови.

Исто така, јасно им ставала до знаење на своите министри дека понаклонета им е на бегалците од Полска или Унгарија, бидејќи тие би можеле подобро да се асимилираат во британското општество.

За кариерата на „челичната леди“ се знае речиси сè, но затоа нејзиниот приватен живот остана обвиен со мистерија.

Кога Маргарет била прогласена за премиерка во 1979 година, таа била во брак со Денис Тачер, со кого запловила во брачните води во 1951 година, иако во моментот кога се запознале, Маргарет била во љубовна врска со еден фармер, а Денис веќе имал еден брак зад себе.

Интересно е и што Маргарет својот тогашен партнер, фармерот Вилијам Кулен, одлучила да ѝ го препушти на својата сестра Мјуриел.


Поврзани објави

„Вчера бев во кино со него и почнав да го подготвувам за запознавањето со тебе. Му покажав наша заедничка фотографија и кажа дека едвај нè разликува, така што мислам дека лесно ќе можеш да ме замениш“, напишала Маргарет во писмо до Мјуриел.

Меѓутоа, Вилијам бил упорен и не се откажувал од својата љубов кон Маргарет, која ја опсипувал со внимание и скапи подароци. Во една пригода ѝ подарил скап парфем и интересна чанта на која биле изгравирани нејзините иницијали.

Маргарет не можела да го остави туку-така, па ѝ го соопштила тоа на сестра ѝ.

„Сепак, ќе морам уште малку да бидам со Вилијам“, напишала таа во писмото.

И покрај фактот што не го прекинала својот однос со Вилијам, Маргарет излегла на прво рандеву со Денис Тачер. Признала дека на почетокот не ѝ бил привлечен, но сфатила дека токму тој е вистинскиот човек за неа.

За време на нејзината политичка кариера, Маргарет имала безусловна поддршка од Денис, додека тој себеси се нарекувал „сопруг од сенка“. Не сакал да се експонира во јавност и одбегнувал да се појавува во медиумите.

ФОТО: Пинтрест