Почетна Македонија(ВИДЕО) Радев се прогласи за ненадлежен за нови преговори со Северна Македонија

(ВИДЕО) Радев се прогласи за ненадлежен за нови преговори со Северна Македонија

од nenad
1 минути читај за




Нема ништо ново во изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој посочи дека официјална Софија повеќе не е дел од преговорите на Македонија со Европската Унија, бидејќи нашата земја во евроинтегративниот процес отсега ќе преговара исклучиво со Брисел, согласно преговарачката рамка потврдена од сите зeмји членки на ЕУ, истакна новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Радев порача дека е подготвен на дијалог и дека нема ништо против тој да се сретне со нашиот премиер Христијан Мицкоски на средба којашто ќе биде организирана од унгарскиот премиер Виктор Орбан, но додаде дека дијалогот и преговорите не се иста работа и дека Бугарија повеќе не е дел од преговорите, туку дека вистинската адреса за такво нешто е Брисел – истакна Ивановиќ во утринската анализа на Слободен печат.