Почетна МакедонијаСВР Охрид со соопштение за смртта на Алекс Салмонд: Му се слошило и починал на место

СВР Охрид со соопштение за смртта на Алекс Салмонд: Му се слошило и починал на место

од nenad
1 минути читај за




Дваесет и четири часа по настанот, полицијата од Охрид излезе со официјално соопштени во врска со вчерашната трагедија во која животот го загуби поранешниот Прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд.Полицијата и официјално потврди дека вчера (12 октомври 2024 г.) било пријавено дека во хотел во Охрид, за време на одржување на Школата за млади лидери на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов, на 69-годишниот Алекс Салмонд од Шкотска „му се слошило и починал на местото“.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во краткото соопштение од Министерството за внатрешни работи.