Почетна МакедонијаМуцунски на средба со претставници на македонско-баварскиот бизнис клуб и дијаспората

Муцунски на средба со претставници на македонско-баварскиот бизнис клуб и дијаспората

од nenad
1 минути читај за




Во рамки на работната посета на Минхен, ми беше чест да присуствувам на отворањето на новите простории на Генералниот конзулат, каде што се обратив и остварив средба со претставници на македонско-баварскиот бизнис клуб и дијаспората.

Македонската заедница во Германија, особено во Баварија, е една од најбројните во нашата дипломатско-конзуларна мрежа во Европа. Во своето обраќање истакнав дека отворањето на овие нови простории е конкретен чекор со кој покажуваме дека ги слушаме и разбираме нивните потреби. Целта е постојано да се подобруваме и да одговориме на барањата што ги имаат од државата. Притоа, се заблагодарив за значајниот придонес кои тие го имаат во градењето на односите меѓу двете земји и во промовирањето на културата и традицијата.

На средбата со претставниците на македонско-баварскиот бизнис клуб, разговаравме за можностите за инвестирање во државата и договоривме конкретни активности за да ги реализираме тие можности. Ја истакнав подготвеноста на владата за привлекување нови инвестиции, што претставува голема можност за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји. Дополнително, ја нагласив отвореноста за поддршка на сите иницијативи кои ќе придонесат за развој на економските врски и за олеснување на контактите меѓу деловните заедници од двете страни. – Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика.