40
По повод 83 години од Денот на народното востание – 11 Октомври, на Спомен костурница во Куманово се одржа традиционалната пригодна свеченост. На свеченото одбележување присуствуваа бројни делегации, кои положија свежо цвеќе, оддавајќи им достојна почит на паднатите борци во борбата за слобода на македонскиот народ. На свеченоста имав чест да се обратам пред присутните, а одбележувањето беше збогатено со кратка културно-уметничка програма.