Почетна МакедонијаЕрдоган на средба со Вучиќ: Нагласена важноста за мирот и стабилноста на Балканот

Ердоган на средба со Вучиќ: Нагласена важноста за мирот и стабилноста на Балканот

од nenad
1 минути читај за




Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ ја истакнал важноста на мирот и безбедноста на Балканот, и важноста на здравиот разум во пристапот меѓу Косово и Србија. Ердоган престојува во официјална посета на Србија, каде што одржа тет-а-тет средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, по која беа потпишани договори за соработка меѓу двете земји.

„Односите меѓу Туркије и Србија се во своето златно доба“, истакна турскиот претседател на заедничката прес-конференција со Вучиќ.