За да ја одржуваме кожата негувана и свежа, потребно е да ѝ посветиме поголемо внимание по летото. Затоа, побаравме стручни совети за употреба на медицинската козметика за ревитализација на кожата од бренд-менаџерката на Vichy, La Roche Posay и CeraVe за Македонија, Ивана Јанева Попов.
Негата секогаш треба да биде приспособена на потребите на кожата, според типот, возраста, но и сезоната. Во пресрет на постудените денови, остануваат еднакво важно темелното чистење на лицето, богата хидратација и отстранување на несаканите траги од сонцето
Темелно чистење
Уникатната комбинација на активни состојки ги прави производите за чистење лице CeraVe незаменлив дел од рутината за нега.
Технологијата „мултивезикуларна емулзија“ (MVE) е патентиран систем на CeraVe, кој обезбедува долготрајна хидратација, додека церамидите се есенцијални липиди што ја формираат природната заштитна бариера на кожата.
Сите нежни производи за миење лице на CeraVe содржат три есенцијални церамиди за темелно чистење на кожата, без нарушување на нејзината природна заштитна бариера.
Од шесте достапни формули, изберете го производот што им одговара на потребите на вашата кожа!
Хидратација
Бариерата на кожата е ослабена со секојдневното изложување на сонце и на другите штетни надворешни влијанија. Поради ова, кожата ги губи клучните елементи: вода, минерали, липиди, витамини и хијалуронска киселина. Затоа, мојата препорака за нега е кремот за интензивна хидратација во текот на 72 часа Mineral 89.
Поврзани објави
Во овој производ, Vichy ги вклучува клучните елементи на кожата и високата концентрација на природни липиди во свеж и лесен крем, кој се топи на кожата, за да го зголеми нејзиното ниво на липиди, да ѝ ја врати заштитната бариера, да ја задржи влажноста и да ја поттикне долготрајната хидратација до 72 часа.
Дамки и мелазма
Уште од мали учиме дека кожата памети, а кога станува збор за оштетување на кожата од УВ-зрачењето, тоа кумулативно се влошува со текот на годините додека еднаш не излезе на површина и не стане практично невозможно да се отстрани. За да ги истражи ефектите од хиперпигментацијата врз кожата, но и врз менталното здравје, La Roche Posay спроведе истражување низ светот врз повеќе од 48.000 учесници. Резултатите од истражувањето беа навистина загрижувачки.
Дури 50% од учесниците пријавиле барем една од проблематичните точки, додека сончевото лентиго, мелазмата и постинфламаторната хиперпигментација биле најчесто забележани проблеми. По 18 години истражување и тестирање на над 100.000 молекули, La Roche Posay патентираше активна состојка, која ги таргетира проблемите со пигментацијата на повеќе начини. Melasyl™ е тајната молекула, која функционира на сосема уникатен начин.
Melasyl™ директно го запира претходникот на меланинот и на тој начин дејствува директно против пигментацијата – и тоа на сите типови кожа, во споредба со другите активни состојки со иста намена.
Дополнително, формулата е збогатена со 10% ниацинамид, односно витамин Б3, кој е добро позната херојска состојка, бидејќи покрива широк спектар на придобивки за кожата. Хиперпигментацијата може да се третира и во период од 6 месеци, додека со интензивниот концентрат против темни дамки Mela B3 првата разлика во појавата на пигментацијата се покажува по 7 дена. Уште поголема разлика е видлива по две недели, а со понатамошна употреба резултатот драстично се подобрува.
Текст: Бојана Стојменовиќ
Фото: Инстаграм