– Од 2010 година до сега, во регионот на Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез во пожари изгореле 18,000 хектари, односно осум проценти од вкупната површина, додека пак последниот пожар од неделата е најголем во последните 14 години, според порталот Метео на Националната опсерваторија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Метео ги анализира најновите податоци од Службата за брзо мапирање Коперник и од Европската опсерваторија за шумскиот пожари во северниот дел на Пелопонез што зафатил околу 6,500 хектари заклучно со вчера наутро.
Пожарот избувна во неделата и веќе е ставен под контрола, не постојат активни жаришта, додека животот го загубија две лица. ср/паг/Фото: Метео .
Извор: МИА