Изјавата на Сека Алексиќ нема да му се допадне на жирито на „Ѕвездите на Гранд“
Фолк-ѕвездата Сека Алексиќ наоѓа време да ги коментира актуелните случувања, најчесто на Твитер, но понекогаш се отвора и за новинарите, како што беше случајот сега кога го кажа своето мислење за „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, пејачката откри дека никогаш не би била во жирито на споменатиот музички натпревар, а нема сомнеж дека изјавата на Сека Алексиќ ќе изненади многумина.
Никогаш не би била во жирито. Досадно ми е. Ма какви ѕвезди, фокусот е повеќе на жирито и на тоа како тие се расправаат и се навредуваат. Тоа е ненормално! Навистина не се гледам себеси таму. Прво, не би можела никого да навредам, ниту јавно, ниту на кој било начин, и второ, не би дозволила ниту некој да ме навредува. Веројатно би настанал хаос – рече таа, а потоа продолжи со исто толку груб тон:
Поврзани објави
Да ви кажам право, којa сум јас да oценувам некого и да му кажам што било? Секој треба да се бори за својата кариера онака како што мисли дека може и какви што можности има. Мене ми е жал за тие луѓе кои се трудат да дојдат таму, патуваат со автобус од различни делови на земјите. За мене тоа е тортура, а сите имаат една надеж, а тоа е победа и успех.
Со оглед на тоа што во споменатото жири е и Цеца Ражнатовиќ со која Алексиќ имаше одлични односи, нема дилема дека изјавата на Сека Алексиќ ќе ја погоди. Особено кога ќе се земе предвид дека Сека неодамна се смири со Јелена Карлеуша.
Фото: Инстаграм
Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk